Министерот Крешник Бектеши во неодамнешната објава на Фејсбук откри дека од март 2024 година најниската плата во земјава ќе биде утврдена на минимум 22.500 денари. Ова е значително зголемување во однос на сегашната минимална плата од 20.175 денари.
Прилагодувањето доаѓа како резултат на договорот меѓу Владата и синдикатите, со кој се утврдува минималната плата да се усогласи со 50 отсто од зголемувањето на трошоците за живот и 50 отсто од зголемувањето на просечната плата од претходната година. .
Јована Тренчевска, министерката за труд и социјала, го поддржува континуираниот раст на платите и потенцира дека само мал дел од вработените реално добиваат минимална плата. Таа нагласува дека минималната плата значително се зголемувала низ годините и од 8.000 денари пред 2017 година се искачила на сегашниот износ.
-Минималната плата ако се сетиме пред 2017та година беше 8000 денари, сега е 20 175, со интенција во март 2024 година , согласно методологијата и законот за минимална плата да порасне согласно параметрите кои што се вклучени во методологијата И просечна плата и минимална плата постојано растат, меѓутоа особено за минималната плата, тоа е плата која што мал дел од вработените ја добиваат,- Јована Тренчевска.