Шеесет и шест годишниот В.Ц. од Струга е лицето кое вчера се удави во водите на Охридското езеро.
Телото на давеникот било пронајдено во близија на автокампот „Ас“ кај Струга, а било забележано од капачите на плажата.
Смртта била констатирана од Итната медицинска помош, а на телото не се забележани траги на насилство
По извршениот увид на кој приствувал и јавен обвинител, телото било предадено на семејството за погреб.