Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари како решение на албанската опозиција и Максим Димитриевски од движењето ЗНАМ веќе го обезбедија потребните гласови.

Државната изборна комиисија го објави последниот пресек и бројките се следни:

Билјана Ванковска 7.876 потписи

Стевчо Јакимовски 6.676 потписи

Останатите кандидати се со незначителен број потписи кој е под 1000 потписи, а бројките се следиве:

Вело Марковски 924 потписи

Зорица Цветковска 140 потписи

Ѓорѓи Манасков со 267 потписи

Мерсиха Смаиловиќ 887 потписи

Господин Поповски 40 потписи

Засега, освен овие кандидати најсериозни се претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова и од редовите на СДСМ каде што претседателот се уште е непотврден а најверојатно по оваа позиција повторно ќе атакува Стево Пендаровски.

Крајниот рок за граѓански потписи е Денот на жената – 8 Март. А дали ќе биде жена првите податоци ќе ги имаме на 24 април на првиот круг претседателски избори, односно 8 мај вториот круг избори.