Завршена е обдукцијата на телото на 15-годишното момче кое почина во неделата попладне додека пливало на плажата Неа Флогитоa на Халкидики.
Информациите на грчките медиуми говорат дека причина за смртта е давење, нешто што го утврдил судско-медицинскиот преглед.
Во следниот период се очекуваат и резултати од хистолошки прегледи за да се покаже дали 15-годишното дете загубило свест од друга причина додека било во вода или се удавило додека пливало.
Момчето било починато кога го извлекле на брегот, па обидите за реанимација биле неуспешни.