Запленети 100 килограми марихуана – Разбиен меѓународен канал за трговија со дрога

Во координирана полициска акција спроведена вчера во Струмица, беа уапсени три лица, при што беше запленета голема количина на дрога. Возилото со кое се вршел транспортот било натоварено со 100 килограми марихуана, која, според сознанијата, требало да биде извезена надвор од територијата на Македонија.

Нашиот медиум во текот на вчерашниот ден ја објави оваа вест. Прочитајте повеќе.

(ФОТО) ФИЛМСКО АПСЕЊЕ НА ДИЛЕРИ НА ДРОГА ВО СТРУМИЦА

Министерот Тошковски: „Апсењето било филмско“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, го пофали дејствувањето на полицијата, потенцирајќи дека акцијата била изведена со голема прецизност и професионалност. Тој изјави дека апсењето било филмско и дека криминалците биле фатени додека ја транспортирале дрогата.

Награди за полициските службеници

„Информиран сум од началникот на СВР Струмица дека ќе предложи награди за ангажираните полицајци. Тој предлог ќе го прифатам и соодветно ќе ги наградиме сите кои успешно ја реализираа акцијата“, истакна Тошковски, додавајќи дека македонските граѓани можат да видат решителна борба против нелегалната трговија со дрога.

Извор: Скопје1