Таравари објави имиња за локалните избори: Лимани повторно во трка за Гостивар

Алијанса на Албанците, предводена од Арбен Таравари, на претстојните локални избори ќе настапи со четворица кандидати. Ваквата одлука е донесена на вечерашниот состанок на партиското раководство, одржан во Тетово. Актуелниот градоначалник Ваљбон Лимани ќе се бори за нов мандат во Гостивар.

Рамадани, Таипи и Шабани со кандидатури за нови општини

Таравари ги соопшти имињата за локалните избори: Партискиот генерален секретар Блерант Рамадани ќе биде кандидат за општина Сарај, додека за Теарце ќе трча претседателот на партиското собрание, Назим Таипи. Исен Шабани ќе биде кандидатот на Алијансата за општина Врапчиште. Лидерот Таравари најави претстојни активности за промоција на кандидатите.

Тој се огласи преку објава на Фејсбук.

Ваквата објава на Таравари се надоврзува на објавата на ДУИ.

ДУИ ги соопшти имињата за локалните избори: Со Бујар Османи ќе атакуваат за Чаир, а ќе дадат поддршка за Села и Таравари

Меџити најави кандидатура за Чаир, Османи противкандидат

Претходно денеска, првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, посочи дека најверојатно ќе биде кандидат за градоначалник на општина Чаир од коалицијата „Вреди“. Неговиот директен противкандидат ќе биде потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи. Меџити нагласи дека консултациите се при крај и најави дека до крајот на неделата ќе биде објавен целосниот список на кандидати од Струга до Липково.