Рама пред  нов мандат: Социјалистите убедливо водат на изборите во Албанија

На парламентарните избори во Албанија, одржани на 11 мај, Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама е во убедливо водство. Според првичните резултати е на прагот да обезбеди апсолутно мнозинство во парламентот.

Албанија гласа: Рама бара четврти мандат, Бериша сака враќање по 12 години

Според излезните анкети и првичните податоци од Централната изборна комисија, Социјалистичката партија освоила околу 53,26% од гласовите. Тоа ѝ носи најмалку 82 пратенички мандати. Најдобри резултати партијата има во главниот град Тирана, како и во округите Фиер, Драч и Елбасан.

Демократите незадоволни, нови партии влегуваат во парламентот

Демократската партија на Сали Бериша освоила околу 38% од гласовите и ќе има 50 мандати – 13 помалку од заедничкиот настап со Социјалистичкото движење за интеграција (СМИ) на претходните избори.

Бериша не даде конкретен одговор дали ќе ги признае резултатите. На прес-конференцијата рече дека „силеџиите од Драч“ се обидуваат да извршат изборна манипулација.

Во парламентот ќе влезат и неколку нови политички субјекти. Социјалдемократската партија (ПСД) на Том Доши ќе има 4 мандати, коалицијата „Nisma Shqipëria fëster“ освои 2, додека Партијата на можности и Движењето Заедно ќе имаат по еден пратеник.

Ниска излезност во споредба со 2021 година

Централната изборна комисија информираше дека излезноста до 18 часот на денот на изборите била 41,37%, што е неколку проценти помалку од излезноста на изборите во 2021 година, кога таа изнесуваше 45,48%.

До утрото на 12 мај беа пребројани 1083 гласачки кутии од вкупно 5225. Социјалистите во тој момент веќе имаа стабилно водство. Лидерот Еди Рама на социјалните мрежи сподели фотографија од партиското седиште со опис: „Каква зора е денес“, прославувајќи ја изборната победа.