После полуфиналните натпревари, познато е и кој ќе игра против кого за пласман во финалето и можноста да ја освои титулата за најдобра селекција на „стариот континент“.
Шпанија во четвртфиналето по одиграни 1:1 по 120 минути против Швајцарија со подобро изведување пенали, за ривал во полуфиналето ја доби Италија, која ја совлада Белгија со 2:1 во еден од најдобрите натпревари на целиот шампионат.
Еден ден подоцна, Данците поведоа против Чешка со 2:0, се чинеше дека ќе дојдат до убедлива победа, но наместо тоа се плашеа затоа што Чешка играше многу подобро, но не успеаја да стигнат до втор гол на крајот од натпреварот.
Четврти полуфиналисти ќе бидат Англичаните, по убедливиот натпревар против Украина, што резултираше со четири гола во мрежата на Украинците. Ова ги одредува паровите на последниот чин на ЕУРО 2020 и тие се состојат од:
Италија – Шпанија (6 јули, Вембли, 21 часот)
Англија – Данска (7 јули, Вембли, 21 часот)