Пукање во Батинци
Припадник на Армијата на Република Северна Македонија загина денеска утринава во пукање на влезот од селото Батинци, скопско. Според информациите на Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 11 јули 2025 година, околу 10:15 часот, кога во СВР Скопје било пријавено дека лице по име М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило во движење од марката „Киа“.
Жртвата починала од прострелни рани во градниот кош
Во нападот бил ранет А.М. (50), кој се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош. Тој веднаш бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, но во 11:00 часот лекарите ја констатирале смртта. Како што информираше МВР, жртвата е идентификувана како Агим Мухареми од Батинци, припадник на Армијата на Северна Македонија.
4news објави и фотографија за кое лице станува збор.
Околностите сè уште не се познати, истрагата е во тек
Причините и околностите кои довеле до пукањето засега не се познати. Надлежните органи започнаа истражна постапка, а местото на настанот е обезбедено од страна на полициски екипи.
Извор: Скопје1