Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски го потврди името на Ѓорѓија Сајкоски и со тоа се комплетираа носителите на листи. Николоски, кој патем е носител на изброната единица 4, го опиша Сајкоски како „еден од најуспешните претседатели на Општински комитети во ВМРО-ДПМНЕ“.

Александар Николоски, Ѓорѓија Сајкоски

Опишувајќи ги како квалитетни носителите на изборните листи и додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е внимателна додека ја креира изборната кампања лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата кои ќе бидат носители на пратеничките листи по изборните единици.

Мицкоски ги соопшти своите адути

Христијан Мицкоски соопшти дека самиот тој ќе биде носител на ИЕ1. Според информациите кои досега се познати на јавноста, тој директно ќе се соочи со лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Мицкоски ги соопшти и носителите на останатите изборни единици.

Носител на листата во Изборна единица 2 ќе биде потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Носител на листата во Изборната единица 3 ќе биде носител ќе биде пратеникот Драган Ковачки.

Носител на листата во Изборна единица 4 ќе биде потпретседателот на партијата, Александар Николоски.

Носител на листата во Изборна единица 5 ќе биде генералниот секретар, Ѓорѓија Сајкоски.

Во Изборната единица 6 носител ќе биде сегашната пратеничка, Дафина Стојановска.

Наскоро познати ќе бидат сите детали

Деталите за коалициски договори, промоција на листите на пратеници и останатите техникалии Мицкоски најави дека ќе бидат познати на 30 и 31 март.

Кампањата за парламентарните избори започнува на 18 април. Мицкоски, додаде дека тие не ветуваат чуда, но од друга страна ветуваат дека она што ќе ветат ќе го исполнат.

Претседателски кандидат

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори ќе настапи со претседателката Гордана Силјановска Давкова, а тие очекуваат двојна победа овие избори.