Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против таткото и двете ќерки. Тие се сопственици на повеќе од 500 крави. Обвинети се за кривично дело „Спречување службено лице при вршење службено дејствие“. Ова е во врска со инцидентот кој се случи на 2 декември во местото Самоков, во близина на село Луке. Тогаш обвинетите не им дозволуваа на службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство во Крива Паланка да извршат конфискување крупен добиток. Тоа беше по правосилно судско решение.
Таткото е обвинет и за загрозување на сигурноста на присутните лица, со сериозни закани. Една од ќерките е обвинета за напад врз полициски службеник кој бил повикан да асистира. Притоа, го повредила со влечење и гребење по лицето. Дејствијата на обвинетите спречиле службените лица да ја извршат својата задача, се вели во обвинителскиот предлог.
За време на обезбедувањето на доказите, сите тројца обвинети од Крива Паланка беа задржани со притвор.
