На мноштвото реакции кои пристигнуваат на адреса на Министерството за култура по објавувањето на Годишната програма, ресорната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска одговори кратко- нека поднесат жалби.
-Во тек е период на поднесување жалби. Ги повикувам сите кои сметаат дека на било кој начин биле обесправени, откако ќе ги добијат своите решенија доколку имаат забелешки по однос на одобрени проекти и сума, да поднесат жалба и комисијата тоа добро ќе го разгледа и ќе одлучи по однос на нивните жалби. Никогаш нема да имаме доволно пари за култура. И доколку цел буџет за култура го искористиме за овие проекти и тоа повторно ќе ни биде малку. Јас сето тоа го разбирам, но оваа година го имаме тој буџет, располагавме со тие одредени сретства и сметам дека комисијата постапи најсоодветно со тој буџет што го имаше да ги распредели сретствата најсоодветно онака како што тие сметаа дека треба да ги поддржат.
Оттука, актерот Зоран Љутков ја прашува Костадиновска Стојчевска колку буџетски средства имате на располагање за секоја дејност одделно за прифаќање на жалбите.
-Министерке Бисера Костадиновска Стојчевска, бидејќи во сите Ваши изјави ги повикувате незадоволните корисници да ја искористат правната можност да поднесат жалби, кажете јавно колку буџетски средства имате на располагање за секоја дејност одделно за прифаќање на жалбите?!, пишува Љутков на Фејсбук.