Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, упатува јавна покана и ги повикува на отворени и директни консултации сите заинтересирани синдикати, денес во 10:00 часот, во Собранието на Република Македонија.

-Темата на оваа денешна работна средба и консултации, на која што ќе присуствува и дополнителниот заменик министер Стефан Андоновски е поврзана со законите кои се на дневен ред на Комисијата за европски прашања. Како најголема, најбројна и најодговорна пратеничка група во Собранието покажуваме одговорност и решителност, се со цел да помогнеме на синдикатите да се слушне нивниот глас и нивните барања. Ова е единствениот начин синдикатите да го искажат своето мислење и барања бидејќи мнозинството упорно одбива јавна расправа и дебата по законите и сака да ги протне набрзина, се наведува во соопштението на пратеничката група.

„Токму затоа, нашата цел како пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е да ги преточиме барањата и забелешките на синдикатите во амандмани и официјални барања.

Гласот и барањата на работниците мора да се слушне и не смее да биде заборавен“ – велат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.