По повод големите христијански празници, Бадник и Рожденство Христово – Божиќ, Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата упатува честитка до сите православни верници кои ги прославуваат, до поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан и до членовите на Синодот која ви ја пренесуваме интегрално во продолжение:
-Симболиката, големината на Христовото раѓање – Божиќ е секој да ја почувствува радоста, спокојот и мирот. Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата посакува во секој од нас да се роди добрина, љубов и човечка почит, да не грее огнот на среќата, радоста и семејната топлина. Да се почитуваме, да даваме придонес во негувањето на човековите вредности, многу значајни и за општеството кое сите ние заедно го градиме. Посакуваме овие денови да ги поминете во мир и спокој во кругот на Вашето семејство. Нека е честит големиот православен празник Бадник и големиот православен празник Рожденство Христово – Божиќ! Нека се честити божиќните празници!
Нека е вечна и вековита Македонија!