Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска, позитивна на коронавирус, пристигна во скафандер во Собранието за да учествува во работата на 36. пленарна седница на чиј дневен ред се законите од петтиот пакет мерки.

Колешката стигна со возило на Брза помош, која сама си го платила, изјавиле за порталот сдк.мк од пратеничката група на СДСМ.

-Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна ковид-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании”, напиша претходно на Фејсбук, Костадиновска-Стојчевска.

Таа вели дека тоа и е обврска кон граѓаните, кои чекаат да земат помош од државата. Таа кажува дека добро се чувствува.