Пратенички прашања и законски измени во Собрание на дневен ред
Денеска во Собрание ќе се одржи 32. пленарна седница, на која пратениците ќе поставуваат прашања до премиерот и министрите.
🔹 Седниците за пратенички прашања традиционално се одржуваат последниот четврток во месецот.
🔹 Според воспоставената практика, први за поставување прашања се пратениците од опозицијата.
Продолжение на 33. седница и гласање за законски измени
Во паузата на седницата се очекува продолжение на 33. пленарна седница, на која ќе се гласа. Денеска ќе бидат ставени на маса Измените на Законот за инспекциски надзор.
Собранието ги донесе измените на Законот за заштита на децата
Брифинг на претседателот на македонското Собрание
Пред почетокот на седниците, претседателот на Собранието Африм Гаши ќе одржи редовен месечен брифинг со новинарите. Деталите може да ги прочитате ТУКА.