Пратениците во Собранието денеска треба да одлучуваат за новиот состав на Државната комисија за спречување корупција.

За претседател на комисијата предложена е Татјана Димитровска, дипломиран економист од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија.

Таа од членовите на Комисијата за селекција доби 76 бода. За членови на ДКСК предложени се судијката во Основниот суд Софија Спасова Медарска, двајцата досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет.

Според Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ако Собранието не избере претседател и членови на Државната комисија, постапката за избор се повторува во целост со објавување конкурс од рок од десет дена. Новата комисија треба да почне да функционира на 8 февруари.