Пратениците на Либерално Демократската Партија, Моника Зајкова и Боби Мојсоски директно од претседателот на ЛДП Горан Милевски побарале тој да се повлече од позицијата претседател на ЛДП и од позицијата министер за локална самоуправа.

Како што дознава Радио Лидер, средбата со Зајкова и Мојсоски се случила минатата недела во еден локал на ул. Македонија. Пратениците директно му предочиле на Милевски дека тој веќе нема легитимитет да ја води партијата.

Инаку, на гласањето на централниот одбор на ЛДП, Горан Милевски со 3 наспроти 51 гласови го изгуби гласањето за францускиот предлог. Тогаш тој го застапуваше ставот дека овој предлог не треба да се прифати а партијата одлучи по насоките на Зајкова и Мојсоски.

Како што брифираат за Лидер партиските извори од ЛДП, блиски до Милевски, постои огромна веројатност премиерот Ковачевски да учествува во овој пуч, иако Милевски има огромна поддршка од генсекот на СДСМ Миле Зечевиќ.