Власта изгуби еден пратеник, Скендер Реџепи ќе делува како независен.
Алтернатива е дел од владејачкото мнозинство и во Владата влезе по излегувањето на БЕСА. Реџепи беше незадоволен од владиниот договор и не се појави на последниот партиски конгрес на кој Африм Гаши доби поддршка за втор мандат за лидер на партијата.
Реџепи бараше непристрасна истрага за случаи за кои тој смета дека биле политички монтирани, но и рамноправен развој на Липковскиот регион.