Коцевски  е дискредитиран и нема доверба од јавноста. Довербата на народот во правосудството е помалку од 2 проценти, бидејќи Коцевски не покренува предмети, не гони криминал и чува предмети во фиока. Коцевски е делегитимиран и од Собранието. Со негласањето на интерпелацијата од страна на СДСМ се докажа само меѓусебната заштита, помеѓу тие кои го поставија од Струмица и Мала Речица и потребата од негово опстојување на функцијата за да ги штити од одговорност пред правдаа  функционерите од СДСМ и ДУИ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коцевски со улога за играње – одбрана на функционерите од СДСМ и ДУИ

-Со што толку се задолжи Коцевски кај СДСМ и ДУИ што и покрај тоа што е делегитимиран не поднесува оставка и останува на позицијата? Дали Коцевски се срами кога го бранат СДСМ и ДУИ? Дали на Коцевски повеќе му значат лукративните цели и личната корист од владеењето на правото и правдата во државата? Импресивно е како Коцевски балансира помеѓу улогата обвинител и верен потрчко на Заев и Филипче. Очигледно правдата е на одмор, а срамот кај Коцевски е тотално отсутен, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека „Коцевски не превзема мерки и не постапува по значајни предмети и покрај јавните докази за криминални активности и корупција, поради тоа треба да ја прими пораката од народот и Собранието и да си даде оставка“.

-Коцевски да не ги држи во заложништво владеење на правото и правдата во државата и да си поднесе оставка. На Македонија и се неопходни реформи и целосна трансформација на правосудството, велат од владејачката партија.