Денеска е Божиќ, ден на Христовото раѓање и еден од најголемите и најсветите христијански празници. На 7 јануари Божиќ го слават црквите кои се водат според јулијанскиот календар, вклучително и Македонската православна црква.

Славењето на рожедството Христово започнува со Бадник, кога семејството се собира околу скромната бадникова трпеза и ја чека радосната вест.

Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи архиерејска литургија на Св.Василиј Велики.