Православните христијани денеска го прославуваат најголемиот христијански празник Рождество Христово или Божик.

Македонските православни верници вчера го прославија Бадник, а денеска го слават Христовото раѓање со традиционалната честитка: Христос се роди! – Навистина се роди! Во сите храмови на Македонската православна црква утринава со биење на камбаните се најавува доаѓањето и прославата на Божик.

На празникот во црква се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв.

Божиќ е празник на радоста, празник на утехата и празник на благодарноста: Синот Божји стана Син човечки, за да го издигне човекот, кој беше потонат во своето себељубие, дарувајќи му ги бескрајните височини на својата љубов во Царството небесно.