Македонија активно учествува во решавањето на глобалните безбедносни предизвици. Ова беше истакнато од Берлин по настан во организација на германскиот канцелар Мерц, каде што присуствуваа клучни претставници од САД.

Македонија активно учествува во разговорите за глобалната безбедност и предизвиците во светот, посочи Мицкоски по завршувањето на состанокот во Германија.

На самиот состанок присуствуваа и специјалните преговарачи за Украина од Соединетите Американски Држави, Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Преку директна телефонска линија во разговорите се вклучи и Трамп, кој ги информираше присутните за средбите со рускиот и кинескиот претседател.

Средба на лидерите во Берлин

„Добро вечер од Берлин, штотуку заврши настанот којшто го организираше канцеларот Фридрих Мерц. На настанот се разговараше за глобалните предизвици, безбедносната состојба во светот. На самиот настан беа присутни претставниците и специјални преговарачи во случајот со Украина на САД, Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Она кое е исто така важно е фактот дека на настанот се вклучи преку телефонска линија и претседателот Доналд Трамп којшто брифираше од неговата средба со рускиот претседател и кинескиот претседател“, рече Мицкоски.

Добро е што Македонија се наоѓа на масата и рамноправно учествува во адресирањето на глобалните проблеми. Претстојниот зимски период носи сериозни искушенија за целиот континент, додека меѓународните односи се соочуваат со екстремни притисоци.

Мицкоски обраќање во Берлин

„Навистина постојат многу глобални предизвици во светот, но добро е што Македонија е на масата и заедно со останатите учествува во решавање на овие глобални предизвици. Ова ќе биде тешка зима, тешка зима насекаде во Европа, тешка зима и за Македонија. Но, она коешто е важно е дека ние работиме на тоа да граѓаните оваа зима ја поминат како што ги поминуваат сите зими во нормални услови без разлика на предизвиците во светот. Иако би рекол дека денес во светот се води тивка, трета светска војна, сепак ние успеваме да најдеме начин, да креираме стратегија со којашто ќе го олесниме стандардот на македонските граѓани“, рече Мицкоски.