Со повеќе убоди од нож синоќа е убиено едно лице пред поликлиниката во населбата Железара во Скопје.
Неофицијално убиеното лице е матичен доктор на кој се уште непознат сторител му нанел 9 убоди со нож од кои тој починал. Според полициски извор станува збор за разбојништво кое завршило со смрттни последици.
Избоденото тело на докторот го пронашол неговиот син кој веднаш повикал полиција.