Едно од најчесто споменуваните во собраниските ходници е дека по 23 часот сите пратеници ќе влезат во салата, вклучувајќи ги и оние од парламентарното мнозинство,а може да им се придружи и претседателот на Собранието, Талат Џафери по што тој би предложил усвојување на дневниот ред на кој има само една точка, а тоа е прашањето за недоверба на Владата.
Со тоа би почнала мала расправа во салата, а потоа би се завршило со гласање со што би се потврдила довербата на Владата.
Досега во Собранието има неколку паузи поради неможноста опозицијата да обезбеди ново парламентарно мнозинство.
Согласно деловникот, до полноќ мора да се гласа по седницата на која на днеден ред е довербата на Владата.
Инаку на седницата се уште не е утврден ниту дневниот ред, бидејќи во салата немаше доволно пратеници, бидејќи пратениците од редовите на Власта не беа присутни.