Портпаролката на ЕК кажа дека јазикот не е гарантиран. Тоа што е гарантирано е јазикот на кој зборуваат мнозинството граѓани во Македонија. Ова е предавство кое го започна Заев, а го спроведува Ковачевски, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Дури и најголемиот бугарски шовинист Божидар Димитров, јавно кажа дека не верувал дека некој македонски политичар некогаш ќе каже дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти, па згора на тоа и тоа да го потпише во договор и да го реализира. Тоа што најголемите бугарски шовинисти не го помислувале, Заев и Ковачевски го спроведуваат. Предавникот Ковачевски се обврза и за смена на учебниците. Тоа влегува во рамка. Промена на учебниците, откажување од националните херои, преиначување на историјата. И додека тие не се исполнат нема почеток на преговори, ниту напредок кон патот на Унијата. Предавникот Ковачевски ја стави Македонија во подредена положба во однос на Бугарија и трајно ги уништи нашите преговарачки позиции. Предавникот Ковачевски насила спроведува бугаризација, истакнуваат од опозициската партија.
Предавникот Ковачевски треба да знае дека за овие велепредавства ќе одговара. И ќе има одговорност, додаваат од таму.