ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на изјавите на Венко Филипче, кој го опиша Зоран Заев како политичар „од кого треба да учиме“. Партијата прашува дали треба да се учи од она што Заев го претставуваше, кој остави хаос во институциите и го уништи угледот на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ бара одговори дали Филипче е подготвен да го носи политичкиот багаж на Заев кој вклучува предавства на секое поле?
Политичкиот багаж на Заев: Хаос и празни ветувања
„Македонија се соочуваше со најтешките трагедии, убиствата кај Смилковско Езеро и смртта на Младенов, а Заев ветуваше дека ќе ја обелодени вистината за овие настани. Народот од Заев не доби ниту објаснување, ниту вистина, само предавства на секое поле“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче изјави дека Заев е политичар „од кого треба да учиме“. ВМРО-ДПМНЕ реагира: „
Филипче да каже дали е тоа политичкиот пристап што го нарекува пример од кој треба да учиме? Дали Филипче мисли на празните ветувања на Заев, на масовните корупциски скандали, непочитувањето на институциите или на распроджбата на националните интереси? Кога лидер на партија која успеа да ја крахира државата, и се повикува на фигура како Заев, мора да даде објаснување на јавноста на што точно мисли.“
Дали Филипче ќе ја сноси одговорноста?
„И после се ова Филипче да даде одговор на јавноста дали е спремен да ја сноси одговорноста на неговиот идол? И ако веќе Филипче сака јавно да се позиционира како наследник на Заев, граѓаните треба да знаат дали ги чека продолжение на истата приказна, само со нова маска. Или Венко Филипче само користи емотивно наелектризирани теми за да добие подобра политичка позиција. Дали Филипче ќе ја занемари одговорноста и довербата на граѓаните заради личен или партиски интерес?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ за политичкиот багаж на Заев.
Сепак тоа е одлика по која СДС се препознатливи. СДС повторно се обидуваат да манипулираат, и да изградат реформиран имиџ. Наместо правда, граѓаните добија партизација на институции, непотизам, и корупциски скандали. СДС го искористи своето време на власт за личен и партиски интерес, оставајќи ја државата послаба, поделена и обесхрабрена.
Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде втор Заев, човек под чие раководство Македонија западна во најдлабоки кризи од својата независност. СДС е синоним на предавства, неспособност, и криминал“, нагласија од ВМРО-ДПМНЕ