Тој истакна дека ќе се залага Гостивар да стане пристојно место за живеење и додаде дека главна водилка за него ќе биде реализација на квалитетна локална политика и програма. Вети дека максимално ќе се заложи за реализација на приоритетните проекти во програмските цели на ВМРО-ДПМНЕ.

На митингот се очекува обраќање и на претседателот на опозициската партија, Христијан Мицкоски.

Претходно денеска коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаше митинзи и средби со граѓаните во Јегуновце, Маврово Ростуше, Тетово, Брвеница и Теарце.