На денешната 52. седница пред пратениците ќе биде Предлогот за именување гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија.
61 глас потребни за избор на Славески
Претседателката Гордана Силјановска Давкова за иден гувернер го предложи универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје. Тој доколку биде избран ќе да ја замени досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска. За избор на Славески се потребни 61 глас или просто мнозинство. Славевски е актуелен претседател на Советот на Град Скопје, а претходно ги извршуваше функциите министер за развој и за финансии.
Собранието ќе одлучува за Трајко Славески
Славески ќе има седумгодишен мандат, а предлогот тој да биде иден гувернер го достави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. Таа пред да ја донесе одлуката, разговараше со кандидатите за гувернер, а во информацијата објавена по изборот напиша дека изборот меѓу кандидатите бил тежок и дека се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.
Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека ќе го поддржат предлогот, а од опозицијата изјавија дека нема да гласаат за Славески затоа што според нив се работи за партиски кадар, а не за експерт што досега било традиција при изборот на гувернер.
Кој е Трајко Славески?
Трајко Славески е редовен професор на Економскиот факултет при УКИМ, каде што предава макроекономија и државна регулација. Тој има богата академска кариера, но и искуство во извршната власт – беше министер за финансии во периодот 2006–2009. Славески е и долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, партија во чие име учествувал во креирање на повеќе економски програми.
Неговото евентуално именување ќе значи нова насока за монетарната политика во земјата, особено во контекст на предизвиците со инфлацијата, стабилноста на денарот и приближувањето кон ЕУ.