Американскиот конзервативен активист и јавна личност Чарли Кирк (31) беше застрелан во вратот за време на средба со поддржувачи на Универзитетот Јута Вели во градот Орем. Според првичните информации, неговата состојба е критична.
Инцидентот се случил за време на настап со публика, кога неидентификувано лице отворило оган. Снимки од настанот покажуваат моментот на пукањето и паниката меѓу присутните. Кирк веднаш бил префрлен во локална болница, каде што лекарите се борат за неговиот живот.
Кирк е познат како претседател на конзервативната организација Turning Point USA, која се залага за активно вклучување на младите Американци во политиката. Тој е и поддржувач на претседателот Доналд Трамп, а во моментов ја предводи и Американската управа за мали бизниси.
Американските медиуми јавуваат дека мотивите за нападот засега не се познати. Полицијата ја обезбеди салата и започна истрага, а напаѓачот е уапсен.