Снегот почна да паѓа во петокот, а се очекува за време на викендот врвовите на Големиот остров да бидат околу 30 сантиметри со снег.
Метеоролошката служба предупреди да не се патува во областа, наведувајќи дека тоа ќе биде многу тешко или невозможно, објави NBC News.
Предупредувањето се однесува само на највисокиот врв на Хаваите, Мауна Кеа, висок 4.207 метри, како и Мауна Лоа, вториот највисок врв со 4.169 метри.
Снегот е дел од временската прогноза која викендов ќе донесе обилни врнежи од дожд и обилни поплави на пониски височини низ островот.
Самата прогноза, според Њујорк тајмс, доведе до „драматични медиумски наслови и размислувања за снежната покривка на плажите Ваикики и сурферите кои се тресат од студот“.
Весникот посочува дека снег се очекува на планинските врвови на Големиот остров, кои се издигнуваат многу над 3.350 метри, што не е неочекувана височина за врнежи од снег, дури и на тропски остров. Врвовите Мауна Лоа и Мауна Кеа, каде од петокот паѓа снег, често се покриени со снег, истакнуваат метеоролозите.
Метеоролошката служба објави дури и мапа на САД на која се прикажани земјите во кои поминале стотици, па дури и илјадници денови од предупредувањето за снежна бура. Последен пат на Хаваи беше издадено предупредување за снежна бура во 2018 година.
Welcome to the first full weekend of December 2021. Winter weather conditions are in the forecast across the northern tier of the country. These conditions will also extend to the States of Alaska and the higher summits on the Big Island of Hawaii with #blizzard conditions. pic.twitter.com/F8nxjRq9uH
— National Weather Service (@NWS) December 4, 2021