Велосипедист завршил во болница откако бил удрен на автопатот Скопје-Тетово.

Според МВР, вчера во 13.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово патничко моторно возило “хјундаи“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(66) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.Б.(48) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“.

Екипа од СВР Скопје извршила увид на терен.