На улицата „Тодор Паница“ автомобил удри во 10-годишно дете кое заврши со тешки повреди во Клиничката болница Битола
На 15.08.2025 во 19:19 часот во СВР Битола било пријавено дека на улицата „Тодор Паница“ во градот автомобил „рено“ со битолски регистарски ознаки удрил во 10-годишно дете пешак од Австралија. Возилото го управувал Н.Б. (50) од Битола.
Во несреќата 10-годишното дете се здобило со тешки телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница Битола, каде што детето било пренесено на итна лекарска помош.
Полицијата информираше дека увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.