Момчето кое вчера беше прегазено со младата девојка, која загина на лице место, е во добра состојба и е пуштено на домашно лекување, информираа за Канал 5 од Универзитетска клиника по хируршки болести Св „Наум Охридски“.
Момчето има набиеница во пределот на карлицата, не се констатирани сериозни повреди, и по сите направени анализи е пуштено дома, изјави за телевизијата директорот на Градска болница Љубен Арсенков.
Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи вчеравечер на крстосницата на улицата „Московска“ со булевар „Партизански Одреди“ во Скопје. Како што информира МВР, во несреќата патничко возило управувано од Ј.Ѓ. (1999) од Скопје, удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н. (1997) од Радовиш, која почанала на местото.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата и повеќе детали ќе се знаат наското.
Очевидци за дел од медиумите посочија дека автомобилот удрил во девојката и момчето во момент додека претекнувал друг автомобил кој бил застанат близу пешачкиот премин.