Третата рунда разговори меѓу Русија и Украина треба да почне денеска попладне во Белорусија, јавија руски медиуми кои се повикуваат на белорускиот политиколог Јуриј Воскресенски, близок до организаторите на разговорите.
„Разговорите се планирани да започнат во 15 часот по московско време, но тајмингот може да се промени поради проблеми со логистиката на украинската делегација“, пренесуваат медиумите.
Разговорите меѓу руските и украинските претставници започнаа на украинско-белоруската граница на 28 февруари. Втората рунда од разговорите се одржа на 3 март. Досега се без никаков суштински пробив.