Грчките земјоделци без договор со владата

Грчките земјоделци влегоа во меѓусебна конфронтација откако не ги добија очекуваните отстапки од владата на Грција. И покрај тоа, блокадите на патиштата и граничните премини продолжуваат и денес, иако демонстрантите не ги остварија своите барања.

Неуспешни преговори и нова средба

Земјоделците велат дека вчерашните преговори со премиерот не донеле резултати, бидејќи не било прифатено ниту зголемување на субвенциите, ниту намалување на акцизата за горивата. Владата, од своја страна, соопштила дека „фискалните ограничувања се исцрпени“. За денеска е најавена нова средба со министерот за земјоделство.

Ескалација на блокадите и предупредувања

Како реакција, земјоделците најавија дека од 12 часот ќе ги затворат сите гранични премини за сите видови возила на неодредено време, додека блокадите низ земјата дополнително ескалираат. Клучните точки на автопатот СолунАтина веќе се блокирани, а најавено е и затворање на обиколните патишта до крајот на денот. Тензична состојба има и на патниот правец Александрополис – Солун, каде демонстрантите најавуваат затворања во различни временски интервали. Земјоделците порачаа дека, доколку денес не добијат писмени гаранции за бараните мерки, ќе ја блокираат Атина со трактори. Премиерот, пак, предупреди дека доколку блокадите не се повлечат, ќе бидат искористени сите законски средства за отстранување на опремата и повторно воспоставување на сообраќајот.