Трамп вели дека преговорите напредуваат
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека нема намера да брза со постигнување договор со Иран, оценувајќи дека пребрзите преговори би можеле да резултираат со неповолен исход.
„Не брзам. Би сакал да биде побрзо, бидејќи знаете што, цените на бензинот ќе се намалат, но ако брзате, нема да добиете добар договор“, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“, во емисијата „Мојот поглед со Лара Трамп“.
Тој нагласи дека разговорите со Техеран продолжуваат и дека американската администрација бележи напредок во процесот.
Трамп претходно изјави дека Иран се согласил да не развива и да не набавува нуклеарно оружје, што според него претставува важен чекор во тековните преговори.
