Корисниците на неколку улици во Карпош ќе останат без вода

Денеска од 9:20 часот, корисниците на неколку улици во општина Карпош ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекин ќе имаат корисниците на следните улици: „Софиска“, „Његошева“, „Бриселска“, „Копенхагенска“, „Петар Драганов“, „Столхомска“ и „Гаврил Лесновски“.

Причина и траење на прекинот

Прекинот е предизвикан поради замена на затварач (шибер) со ф 100мм. Водоводот информира дека прекинот ќе трае до завршување на сите работни активности на терен.