Сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш е во прекин поради сообраќајна несреќа што се случила попладнево, соопшти АМСМ.
Според информациите, инцидентот се случил на 1 ноември 2025 година околу 14:46 часот. Поради прекинот, возилата се пренасочуваат по регионалниот пат Радовиш – Струмица додека трае увидот и расчистувањето на патот.
АМСМ апелира до возачите да бидат внимателни и да го почитуваат поставениот сообраќаен режим.
