Повеќе локации во Скопје утре, 27 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на ЕВН Македонија.
Во периодот од 5 до 7 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на улиците „Беаз Куле“, „Гостиварска“ и во нивната околина, во Општина Ѓорче Петров.
Од 9 до 12 часот, без струја ќе биде ТС „Подстаница“ во село Драчево, на улица „Сердарот“, во Општина Аеродром.
