Претпладнево во вторникот по котлините и особено долж Повардарието има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Преку денот ќе биде сончево, тивко и релативно топло за овој период од годината, освен во котлините со подолготрајна магла.
Утринските температури се движат од минус 3 до плус 4, додека максималните дневни ќе бидат соодветно во интервакот меѓу 11 и 16 Целзиусови степени.
Вo Скопје и околината претпладне има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево и претежно тивко. Температурата ќе достигне 11 степени.