Денеска се одржи јавна презентација на веб-платформата „Е-Здравство“, која ги интегрира сите достапни дигитални здравствени услуги на едно место.
Целта на оваа веб-платформа е да стане место коешто ќе нуди информации од јавен карактер поврзани со здравството, опис и промоција на актуелни програми достапни за граѓаните, регистри од областа на здравството како и аналитички извештаи.
Страницата содржи информации за бројот на издадени рецепти и упати. Податоците се поткрепени со интерактивна мапа која визуелно го покажува здравствениот ситем во Македонија како еден динамичен и активен систем. Страницата е-здравство ги содржи помошните страници: скрининг, имунизација, регистри, дигитално здравство, листи и извештаи.
Достапна е на македонски и албански јазик и има можност за пребарување по клучен збор.
На страницата скриниг се наоѓаат информации за рано откривање на малигни заболувања: скрининг на грло на матка и скрининг на дојка.
Преку страницата за скриниг, жените кои се во возрасните групи опфатени со скрининг, може да се пријават за прегледи во рамки на програмите за скрининг на рак на грлото на матката и рак на дојка.
Во делот за имунизација се наоѓаат сите релевантни информации поврзани во вакцините од календарот за имунизација, како и за вакцините поврзани со Ковид-19 и секако информации за останатите вакцини. Има информации за сите пунктови каде се врши вакцинација.
Во регистрите се наоѓаат информации од регистрите кои се водат во македонија, како : Регистарот за лекови, Регистарот за рак, Регистар за ретки болести и Регистарот за дијабет.
Сега има информации само за начинот на водење на овие регистри, а дополнително ќе бидат поставени извештаите кои произлегуваат до овие регистри.
Во категоријата дигитално здравство може да се најдат информации за „Мој термин“, како и за „Мое здравје“ кои ќе понудат полесен пристап на пациентите до дигиталното здравство.
Модулот за телемедицина е дел од системот „Мој термин“ и овозможува комуникација меѓу пшациентите и лекарите во реално време без разлика каде се наоѓаат. Исто така, е-рецепти, еден од најстарите модули во системот на „Мој термин“. Постои и модулот за хибридно здравство, кој е најнов и е во пилот фаза. Тој е платформа којашто служи за комуникација на лекарите, односно целта е лекарите од примарна заштита да се консултираат со специјалистите за состојбата на пациентот, без да им потреба пацинетот да оди физички во ординацијата на специјалистот.
На категоријата листи и извештаи се наоѓаат листи на аптеки, здравствени установи и друго, а извештаите се однесуваат на бројот на болнички интервенции, хируршки операции, број на дијагностички прегледи по апарат и друго.