Италијанската премиерка Џорџа Мелони, која годинава се приклучи на зголемениот број Италијанци кои летуваат во Албанија, ја плати сметката за своите сонародници кои побегнале од локалниот ресторан без да ја платат сметката.
Кога се појави веста дека некои Италијанци избегале без да ја платат сметката во ресторан, Мелони се вклучи да помогне, изјави албанскиот премиер Еди Рама за „Ла Стампа“.
-Одете и платете ја сметката за овие идиоти, ве молам, ги цитира Рама зборовите на Мелони до италијанскиот амбасадор во Албанија.
Во Албанија беше и италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида кој рече дека тоа е прашање на национална гордост.