Премиерот Димитар Ковачевски на следната владина седница ќе побара да се почне постапка за поништување на државјанството на Олександар Онишченко.
-На наредната Влада јас ќе побарам статус во однос на активностите што треба да ги преземат институциите со цел поништување на државјанството издадено од страна на нашата држава и исто така ќе следуваат и одредени други активности во наредниот период, рече премиерот Ковачевски на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.
Прашан за тоа дека нема реакција на институциите во однос на сообраќајниот прекршок на син на заменик министерот за внатрешни работи, Ковачевски побара новинарите да се држат до информациите што ги сподели МВР.
-Ниту еден човек без разлика чиј син е не може да биде санкциониран различно од кој било друг граѓанин во држата, така што и министерот кажа дека се работело за приватно возило коешто го управувало одредено лице и кое ќе биде третирано согласно одредбите на Законот за сообраќај, рече Ковачевски, на прес-конференцијата во Владата.