Поради дојава за бомба откажана годишната конференција на Стопанската комора на Македонија.

На сите поканети, рано утрово им пристигна меил дека настанот се откажува.

-Поради анонимна дојава за поставена бомба во местото каде требаше да се одржи Годишната конференција на тема: „Економските предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и да ја трансформираме економијата“, х. Александар Палас, Скопје, а заради запазување на безбедноста на сите учесници, Ве известуваме дека конференцијата се откажува.

Дополнително ќе бидете известени за нов термин на релазација на Конференцијата.

Вашата безбедност е од особено значење за нас.

Ви благодариме за довербата и се гледаме на следниот термин.