Во рамки на проектот за дијалог со граѓанските организации, премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во соработка со Меѓународниот републикански институт (ИРИ), организираше средба со претставници на повеќе невладини организации. Насанот беше дел од иницијативата за градење на посилна соработка помеѓу владата и граѓанскиот сектор, со фокус на темата образование и младинско учество. На средбата беа разменети ставови и предлози со цел подобрување на условите за младите и обезбедување на иднина во која тие би можеле да го развиваат својот потенцијал во својата земја.
Мицкоски: „Образованието е основа на општеството и клуч за успех“
-
„Образованието е темел на нашето општество, поради што и е поставено високо меѓу главните приоритети на Владата. Без соодветно и квалитетно образование, не може да се создадат професионалци – било тоа доктори, наставници, економисти и многу други значајни кадри. Подготвени сме за значајни промени во овој сектор и ја повикувам граѓанската заедница активно да се вклучи во процесот на креирање и реализација на овие реформи. Сите заедно носиме одговорност за обезбедување на подобри услови за образование на младите, што ќе се одрази на иднината на нашата земја,“ изјави Мицкоски.
Потребна е транспарентна соработка за долгорочни резултати
Мицкоски ја истакна заложбата на Владата за транспарентност и создавање услови кои ќе овозможат граѓанските организации уште поактивно да се вклучат во развојот на државата.
-
„Жал ми е што морам да забележам дека квалитетот на образованието значително опадна во минатото. Секоја идеја е добредојдена и токму поради тоа ги организираме овие тематски дискусии со граѓанскиот сектор за да ја подобриме состојбата,“ рече Мицкоски.
Исто така, тој ја подвлече важноста од создавање долгорочна стратегија за развој на образованието, која ќе овозможи трајни резултати. Според Мицкоски, таа временска рамка треба да биде доволно обемна за да ги постави основите за значителни промени во образованието и стабилен развој.
Младинските организации со предлози за задржување на младите во земјата
Претставниците од младинските организации кои присуствуваа на настанот понудија конкретни предлози за системски мерки и проекти, насочени кон задржување на млаите и создавање услови кои ќе ги поттикнат да го развиваат својот потенцијал во матичната земја. Според младинските претставници, клучно е да се создаде поддржувачка средина за да се спречи одливот на таленти и да се поттикнат младите да изградат стабилни кариери во земјата. Владиниот оддел за соработка со граѓанскиот сектор ги повика и сите останати организации да поднесат свои иницијативи до надлежните министерства за поддршка на оваа заедничка визија.
Поддршка од министерствата за зголемено учество на младите
На настанот присуствуваа и министерката за образование Весна Јаневска, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, и министерот за локална самоуправа Златко Перински. Тројцата министри изразија поддршка за соработката со граѓанскиот сектор, при што истакнаа дека односите помеѓу државните институции и невладините организации се развиваат во позитивна насока. Според нив, ваквата соработка може да креира позитивни политики и подобри можности за младите во Северна Македонија.