Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни и за евроинтеграции Тимчо Муцунски и Орхан Муртезани престојуваат во работна посета на Брисел. Мицкоски во Брисел заедно со лидерите од Западен Балкан ќе присуствува на работен ручек организиран од претседателката на Европска комисија, Урсула Фон дер Лајен. Предвидена е и средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
На дневен ред во Брисел е планот за раст на регионот, ќе се оценуваат понудените проекти од секоја земја поединечно, и тие потоа треба да бидат одобрени од комисијата. Но, премиерот Мицкоски не исклучува да се разговара и за одложена примена на уставните измени.
Мицкоски истакна дека на средбите ќе ја пренесе фрустрацијата на македонскиот народ за вештачки наметнатите пречки за продолжување на преговорите со Европската унија.