Денеска во Будимпешта премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на СРАС конференција (The Conservative Political Action Conference) која се смета за најголем и највлијателен собир на конзервативните партии во светот. Според агендата, како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе се обрати на сесија закажана во 15:30 часот.

На конференцијата меѓу другите гости се и словачкиот премиер Роберт Фицо, грузискиот премиер Иракли Кобахидѕе, Андреј Бабиш од Чешка, Јержи Квашњевски и Матеуш Моравиецки од Полска, Херберт Кикл од Австрија, Алис Вајдел од Германија, Хорхе Буксаде од Шпанија, како и американските десничарски ѕвезди Бен Шапиро, Џек Пособиец и Дејвид Рубин.

Во рамки на посетата на Унгарија, премиерот Мицкоски ќе оствари средба и со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

За потсетување, Мицкоски се обрати на CPAC во Вашингтон.

Мицкоски: Преку нашата земја, САД може да конкурираат на Кина

Премиерот Христијан Мицкоски, на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Вашингтон зборуваше за важноста на стратешкото партнерство со САД, значењето на земјата во енергетската инфраструктура на Европа и конкуренцијата со рускиот гас преку нови енергетски проекти.