Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, во рамки на унгарско-македонскиот владин самит, положи венец на Меморијалниот споменик на унгарските херои во Будимпешта.
„Ова е чин на почит и сеќавање кон оние кои ја вградија својата жртва во историјата. Нека ова положување венци биде симбол на пријателството, благодарноста и заедничките вредности што ги споделуваат Македонија и Унгарија“, изјави Мицкоски.
Владината делегација која е предводена од премиерот престојува во Унгарија. Целта на посетата е дводневниот владин самит. Самитот има за цел унапредување на билатералните односи, економската соработка и поддршката на Македонија на патот кон Европската Унија.
„Топло добредојде во пријателска Унгарија“: Мицкоски пристигна во Будимпешта
На самитот учествуваат и високи владини претставници од двете земји. Предвидени се повеќе билатерални средби меѓу министрите.