Христијан Мицкоски ќе направи увид на автопатот Кичево-Охрид и ќе се информира за напредокот на градежните активности
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре ќе изврши увид на автопатот Кичево-Охрид, информираат од прес-службата на Владата.
Ве известуваме дека утре, на 14.08.2025 година (четврток) во 12:00 часот, премиерот Мицкоски ќе изврши увид на автопатот Кичево-Охрид на делот од Климештани до Охрид, кој е во рамки на градежните активности, наведуваат од Владата.
Увидот на автопатот Кичево-Охрид ќе овозможи директен увид во текот на работите. Следење на динамиката на градежните активности и обезбедување навремено и квалитетно завршување на проектот.